| четврток, 6 декември 2018 |

Додовски: Како медиумите пред обвинетиот и пред одбраната добиле информации дека е одреден притвор?

dodovski-640x342

Адвокатот на Сеад Кочан Никола Додовски денеска пред медиумите изјави дека добиено никакво решение за мерка притвор за Кочан и дека не може да каже ништо додека се’ дознаваат преку медиуми.

– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната на Основниот суд побаравме информации, нема. Треба медиумите да објаснат како наместо на обвинетиот, нив им се дава информација дека е притворен, рече Додовски.

Според него, невообичаено е како медиумите дознале пред одбраната и обвинетиот дека е одредена мерка притвор.

– Информацијата не е од судот, кој ја дал можеби вие можете да ми помогнете да ми објасните, но на одбраната и обвинтетиот мора да им се достави решение. Додека не им се достави решение на одбраната и обвинетиот, Сеад Кочан е слободен граѓанин, смета Додовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top