Веќе неколку седмици ТВ НОВА протестира заедно со вработените од фирмите на Сеад Кочан против мерката притвор којашто му е одредена, и против притисокот што на овој начин СЈО го врши врз медиумот и бошњачката заедница.
На оваа тема од пред СЈО денеска се обрати Зекир Рамчиловиќ, претставник од бошњачка заедница, кој порача, СЈО да не ја злоупотребува функцијата која што треба да ја врши и да сопре со политички мотивираниот начин на работа.
-СЈО прави класичен притисок врз слободен медиум и бошњачката заедница. Се работи за сопственик кој не само што има медиум, туку истовремено е и претседател на здружение коешто има пратеник во Собранието. СЈО е алатка во нечии раце, а тоа се гледа и на седниците, каде најбрутално беше злоупотребувана пратеничката говорница од страна на пратениците на СДСМ, каде буквално потпретседателката кажуваше дека припадник на различна заедница зел толку и толку, ставајќи се во улога на обвинител и судија, и притоа, на некој начин само ја потврдуваат врската меѓу СЈО и СДСМ, дури имаше и пратеници со маици на кои беше испечатено „СЈО“, и држеа говори кои не доликуваат, смета Рамчиловиќ.
Додаде дека се манипулира политички за да се направи притисок врз медиумот што ја пренесува вистината во јавноста.
-СЈО мора да престане да работи политички мотивирано и да остави процесот да продолжи онака како што треба и правдата да го најде своето место. Ќе бидеме тука додека е потребно да се укаже дека поддшката од сите нас е максимална, и СЈО не треба да ја злоупотребува функцијата што треба да ја има, заклучи Рамчиловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.