| четврток, 6 декември 2018 |

Хокеарската репрезентација за заедничка Македонија: Нашите дресови се „црвено-жолти“ и такви ќе останат!

И хокеарите на Македонија како и сите спортиски на Македонија ги користат боите на знамето „ЖОЛТО ЦРВЕНА“ и со тие бои ја претставуваме Македонија низ цела Европа. Со Македонското знаме на нашите дресови и даваме целосна поддршка на самостојноста на Македонија во овие тешки мигови, порача Томислав Атанасовски, селекторот на  хокеарска репрезентација на Македонија.

-Секаде каде што играме се вее македонското знаме, се свири македонската химна, македонските хокеари ја презентираат Македонија на најдобар начин. Ние сме ЗА ЗАЕДНИЧКА И СУВЕРЕНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и не сакаме никој да ја дели и распарчува, истакна Атанасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top