| четврток, 6 декември 2018 |

11-ти ден масовни протести во Скопје, сè повеќе граѓани се приклучуваат (галерија)

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва по 11. пат одржа протестен марш во Скопје. Учеснициците се движеа од Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија

1-21

Пред Собранието на присутните им се обрати Борис Дамовски кој ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива за безусловно отфрлање на платформата и формирање на нова платформа тука во Македонија.

2-18

– Им порачуваме да не ја протнуваат тиранската платформа на мала врата кај овој народ, бидејќи тоа нема да им помине и треба да знаат дека народот кој излегува секој ден им порачува дека тоа нема да им помине, истакна Дамовски.

3-18

Како нов поддржувач од Иницијативата вечерва го најавија претседателот на Македонско-турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк” Шенол Мемиш кој порача дека со својата поддршка тој вели „не“ за бинационална Македонија, а „да“ за единствена мултиетничка и заедничка Македонија.

3-19

– Турците како и другите етнички заедници во Македонија ги имаат сите права. Мислам дека тоа што го имаме ние го имаат и тие кои бараат нешто повеќе и не верувам дека ќе го добијат, истакна Мемиш.

4-15

Никола Лефков од Велосипедската Федерација на Македонија порача дека треба да го зачуваме македонскиот идентитет и да продолжиме да го вееме македонското знаме на меѓународните натпревари како што тоа го правевме досега.

4-16

Граѓаните на Македонија, нагласи македонската фолк пејачка Сузана Спасовска, нема да дозволат никој да си поигрува со нивната судбина.

5-20

– Нека му е јасно секому во оваа држава и во целиот свет дека македонското име нема да загине, истакна Спасовска.

6-16

Таа посочи дека ако го дадеме името, ќе се закопаме во гроб на кој нема да постои натпис со име, додавајќи дека јазикот и името им припаѓаат на идните генерации.

7-13

На крајот на протестниот марш организаторите ги повика присутните  да се приклучат на протестниот марш и утре.

7-14

8-12

9-11

10-8

10-9

11-7

11-8

12-8

12-9

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top