– Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија вечерва по шести пат организираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Ангел Поп Ангелов, лекар, специјалист по семејна медицина.
– Не сум спремен да прифатам и не прифаќам разобличување и негирање на мојот идентитет и моето чувство на припадност. Не прифаќам двојазичност, бинационалност, промена на знамето. Не прифаќам кантонизација, поделби и редефинирање на државата, истакна тој меѓу другото пред присутните на градскиот плоштад, кои претходно маршираа низ централното градско подрачје, почнувајќи од новоизградената црква “Света Петка, во новиот центар на градот.
Во знак на протест, кавадарчани ќе протестираат и утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)


