Почнувајќи од утре на кинорепертоарот ќе се најде најочекуваната комедија за оваа година, филмот „Мамурлак 3“. Тоа е и последниот дел од трилогијата „Мамурлак“ за момците што постојано запаѓаа во некоја неволја. Овој пат нема венчавка, нема ергенски вечери…Тогаш што може да тргне погрешно? Кога „бандата“ ќе тргне на пат, сите облози паѓаат во вода.
– Скандалозен. Епски. Хистеричен. Безобразно добар! – велат критичарите.
Погледнете го крајот на оваа трилогија.
За премиерата на филмот, „Синеплекс“ организира и „Машка филмска вечер“. Сите љубители на оваа комедија и посетители на „Синеплекс“ ќе можат да ја погледнат премиерата закажана за 20.30 часот, а ќе биде промовирано и „Мамурлак мени“ (пиво и начос).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.