| четврток, 6 декември 2018 |

Работник тешко повреден по пад од скеле

Вработен во скопска фирма за монтирање на челична конструкција е на Ургентен по несреќата која се случила вчера 09.44 часот во населба Пинтија,

Работникот Т.А. (58), поставувајќи скеле паднал од висина од 1,5 до 2 метри и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top