| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович подготвува побогат договор за Конте

antonio konte

Револуцијата која ја направи Антонио Конте за само неколку месеци откако седна на менаџерското столче на Челси, го принуди Роман Абрамовиќ да подготви нов, побогат договор за италијанскиот стратег, со цел да ја осигура неговата позиција во клубот.

Тактичката промена на почетокот на октомври минатата година, се покажа како круцијална во трката за шампионатот. По двата порази од Арсенал и Ливерпул, Конте ја смени формацијата која е претпознатлива за неговиот стил, а она што се случи понатаму, никој не го очекуваше покрај конкуренцијата во лигата. Сепак Челси и по 27 кола има 10 бода предност во однос на второпласираниот Тотенхем, па заслугите се делат подеднакво во тимот од Лондон.

Иако Конте пристигна оваа сезона и има договор до 2019 година, рускиот милијардер сака да ги тргне сите шпекулации околу неговата иднина. Пред неколку дена италијанските медиуми го „преселија“ Конте во Интер, но тој не сака ни да слушне за заминување од Челси.

Засега не се знае колку ќе изнесува новиот договор, сигурно ќе биде повеќе од 6.5 милиони фунти годишно, колку што изнесува моменталната плата на Италијанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top