Советот на јавни обвинители вчера одржал седница на која ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд во оставка Татјана Михајлова и донел заклучок дека двете обвинителки од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.
-Двете обвинителки го прекршиле кодексот и наша препорака до нив е да се назначи нов јавен обвинител во конкретниот случај- изјави Аневски.
На последното рочиште за овој предмет што се одржа на 22 минатиот месец и двете обвинителки влегоа во жестока расправа со судијката во оставка Татјана Михајлова, по што таа двете ги казни по 2.000 евра за непочитување на судот. Следното рочиште за овој случај е на 10 март, еден ден по седницата на Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.