| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО и судот како во Нирнбершкиот процес во 1949 година

Денес на рочиштето за Титаник, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова при презентација на наводните телефонски разговори направи правен преседан и воведе ново правило, а судот го одмолче истото со тоа што пред почетокот на разговорот најави дека разговорот е меѓу двајца обвинети од кои едниот за првпат се јавува во разговорите, па од таа причина ги именуваше по име двајцата соговорници

Нирнбершкиот процес е познат по фактот што додека траело судењето се носеле закони и правила по кои се суделе обвинетите, кои закони и правила не постоеле во време кога било сторено делото за кое биле обвинети. Ова затоа што многу работи дотогаш не биле уредени со законите.

Денес на рочиштето за „Титаник“, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова при презентација на наводните телефонски разговори направи правен преседан и воведе ново правило, а судот го одмолче истото со тоа што пред почетокот на разговорот најави дека разговорот е меѓу двајца обвинети од кои едниот за првпат се јавува во разговорите, па од таа причина ги именуваше по име двајцата соговорници.

Од страна на присутните се постави прашањето како знаете дека се нивни гласови, имате ли докази, како така можете да тврдите дека се нивни гласови, во смисла дека разговорите не се снимени законски и со наредба на обвинител, ниту како копии се споредени со оргиналот, ниту пак има вештачење за автентичноста на гласовите, кое пак може да се врши само на оргинално снимените матерјали а не на копии како што се овие кои ги поседува СЈО и судот.

На реакција на обвинетите и адвокатите дека Стефанова нема доказ за да тврди чии се гласовите и помеѓу кого е воден разговорот истата дрско се обрати до нив со тезата “Вие докажете дека не се ваши гласовите”. Ова се коси со правниот и судски систем на Македонија во кој од распадот на Југославија повеќе не се докажува невиноста на граѓаните туку за секого важи презумпцијата на невиност, и обвинителството е тоа кое треба со цврсти и законски прибавени докази да докаже дека некој е виновен, а не обвинетиот да докажува дека е невин.

Исто така, како во нимбершкиот процес ова е воспоставување ново правило во сред судење.

Судијата не им даде можност на адвокатите да приговорат на ваквиот јавно искажан став на обвинителката Лиле Стефанова и дозволи и понатака да продолжи со пуштање на прислушуваните разговори.
СЈО случаите ги турка на сила и вон сите правила кои судиите дел заради партиска наклоност кон СДСМ а дел поради страв да не бидат санкционирани, го прифаќаат сето ова и надвор од законите ги водат рочиштата и носат одлуки.

Токму затоа и со право во јавноста овие случаи јавноста ги нарекува политички процеси и често ги споредува со таквите од злогласната 1949 година кога Тито сурово преку монтирани судски процеди се пресметува со неистомислениците, кои се судат и осудуваат надвор од сите човекови права и слободи, без почитување на законските прописи, со лажни сведоци кои под присила говорат невистини, без било какви докази, со монтирани обвиненија како она на Ченто кого го земале од дома а на судот обвинителството презентирале дека го фатиле на граница во обид да избега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top