Зијадин Села од Алијанса за Албанците, една од потписничките на тиранската платформа, му е главна надеж на Зоран Заев за формирање влада. Сепак, во јавноста останува да лебди прашањето како Заев ќе може да коалицира со Села познавајќи ги неговите децидни ставови за македонскиот идентитет и неговите симболи – јазикот, химната, знамето,. На Села му пречи се што е македонско и останува на ставот дека е потребна промена на македонското знаме и химна.
Во гостувањето во косовската емисија „Јета не Косове“ (Jeta ne Kosove) на 29 декември минатата година, ведшаш по одржувањето на предвремените парламентрани избори, Села јасно кажува дека Албанците не бараат само премиер.
На новинарското прашање дали е многу амбиционзно Албанците да побараат премиер Албанец во услови кога со толку освоени пратеници се наоѓаат во позиција да ѝ постават услов на партијата од македонскиот блок, која ќе понуди повеќе, Села самоуверено вели дека не само што не е многу, туку е и лага.
–Не, не е амбициозно, туку е лага. Затоа што потребите на Албанците не се еден премиер што ќе дава заклетва пред знаме и химна што сакаме да ги смениме – одговара Села.
Тврдите позиции и антимакедонски ставови на Села не се ништо ново. Со неговите контроверзни ставови се сретнавме уште во 2013 година, кога на локалните избори настапи со слоганот „Гласајте масовно за да го бетонираме фактот дека Струга е албанска“. Истите ставови тој ги потврди и во 2015 година, на 18 мај, на гостувањето во емисија на националната албанска телевизија. На забелешката на новинарот Енкел Дема дека никогаш не се фотографирал со македонското знаме, Села потврдува и образложува дека никогаш не се фотографирал покрај македоснкото знаме и никогаш не станал на нашата химна.
–Вистина е. Јавно имам кажано. Има една причина, не сум се сликал никогаш исто како што никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, споменав и во еден момент на почетокот на емисијата, не знам дали забележавте, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната – одговара Села.
Дополнително, пред само неколку дена коалициониот партнер на Заев истакна дека не постои македонскиот народ, односно дека македонскиот идентитет не постои, а пред 100 години не постоел ниту македонскиот народ.
–Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај се Македонците, Албанците биле многу коректнин и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ – вели Зијадин Села во скандалозната изјава.
Членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров вчера во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ праша како Заев ќе формира влада со човек што не признава ништо македонското.
-Го спомнавте Села. Заев има огромен проблем сега. СДСМ и ДУИ немаат мнозинство за да состават влада, па клучното мнозинство сега го прави Села, бидејќи Беса има став дека не сака да соработува со ДУИ, па би одело потешко. Нејсе, клучниот фактор е Зијадин Села. Како Заев ќе направи коалиција и е седи во иста влада со човек кој него лично не го признава како Македонец. Вели дека Македонците не постојат, дека се вештачка нација, и вика дека тие, Албанците, во овој период помагале да се гради македонскиот идентитет. Какво ќе биде чувството на Заев да направи влада со човек што не го признава неговотиот идентитет и идентитетот на народот на којшто Заев припаѓа – вели Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)