Австралиската тениска легенда Лејтон Хјуит смета дека Роџер Федерер нема да се пензионира во следните две-три сезони и ќе продолжи да игра тенис.
Швајцарецот за неколку месеци ќе наполни 36 години, но откако триумфираше на Австралија Опен, на светот му покажа дека може уште да игра на високо ниво. Тој има спонзориски договори до 2018 година, а потврди дека во родниот Базел ќе игра до 2019 година.
– Тој е вистински шампион и мислам дека љубителите на тенисот сакаат такви шампиони. Не треба да го прашуваме за повлекување, што подолго игра, тоа е подобро за спортот – рече за австралиските медиуми Хјуит.
Австралиецот е еден од тенисерите кој имаше најмногу проблеми кога се среќаваше со Федерер и најчесто како поразен заминуваше до дуелите со Швајцарецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.