| четврток, 6 декември 2018 |

Меч за историја во Барселона, каталонците постигнаа шест гола и го елиминираа ПСЖ (видео)

barcelona

Љубителите на фудбалот вечерва можеби го видоа најубавиот натпревар досега во Лигата на шампионите, а можеби и во историјата на ова натпреварување.

Во раванш дуелот на „Кам Ноу“ во Барселона пред повеќе од 96.000 гледачи, домаќинот иако имаше огрмна негатива од четири гола (0-4) по првиот меч од осминафиналето против ПСЖ, успеаја да го сторат невозможното и да го елеминираат францускиот гигант постигнувајќи дури шест погодоци, а примија само еден.

Барса започна силно и на крилата на домашната публика поведе по само три минути игра. Доминаијата во поле, Каталонците ја крунисаа со водечки погодок, кој го постигна Луис Суарез. Уругваецот ја искористи невнимателноста на гостите и со глава го префрли Трап за 1-0. Тоа беше 65. гол за напаѓачот на Барса во 64 натпревари на „Камп Ноу“.

Пред паузата, Барса ја оствари целта и постигна втор погодок. Иниеста направи мешаница пред голот на гостите и упати центаршут по земја, кој заврши во Курзава и во мрежата на Трап.

barcelona 1

Второто полувреме започна исто како и првото, со гол во мрежата на ПСЖ. Нејмар беше соборен во казнениот простор од страна на Муние, а Меси се погрижи за 3-0, постигнувајќи го 11. погодок во овогодишната сезона во Лигата на Шампионите.

Неколку минути подоцна Кавани имаше одлична шанса да го совлада Штеген, но неговиот удар од непосредна заврши во рамките од голот на домаќините. Сепак, тоа на Уругваецот му успеа во 62. минута, кога го реши двобојот со осмиот погодок во Европа оваа сезона.

Одеднаш надежта кај домашните фудбалери и навивачи падна на минимум, па тоа се одрази и на играта во продолжението. Со оглед на потребата од нови три гола и исцрпеноста од постојаниот пресинг, Каталонците како да потпишаа капитулација, но не се помирија со елиминацијата.

mesi

Нејмар одигра фантастичен меч, кој на крај го заокружи со два гола. Првиот беше вистинско ремек-дело од слободен удар, а потоа од пенал неколку моменти подоцна зголеми на 5-1. Во продолжението каталонската екипа притисна со сите сили, а Серхио Роберто го направи епскиот пресврт и ги постави конечните 6-1 во 95. минута.

По вчерашните победи на Реал Мадрид и Баерн Минхен, екипите на ПСЖ и Борусија Дортмунд се нови четвртфиналисти во Лигата на шампионите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top