| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот меѓу СДСМ и ДУИ е асиметричен – СДСМ само дава, а ДУИ само добива

todorov3

Договорот меѓу СДСМ и ДУИ е асиметричен. Договор во кој СДСМ само дава, а ДУИ само добива, истакна во интервјуто за Топ Тема на Телевизијата Телма членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

– Во разговорите со ДУИ тие имаа свои барања, и ние имавме наши. Доколку постигнавме договор со ДУИ, тој ќе беше симетричен. Она што сега го гледаме меѓу СДСМ и ДУИ е асиметричен договор, потенцира Тодоров.

Според него, секогаш кога влада прави онаа политичка партија која ги изгубила партиите  е спремна да даде многу повеќе од победникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top