| четврток, 6 декември 2018 |

Русинова: Македонската жена секогаш била вклучена во создавањето на современата македонска држава

istoricar

– Би сакала прво да ви го честитам 8 март и дозволете ми мене како историчар да ви се обратам на овој ден и да потсета на улогата која ја има македонската жена во нашата историја. Таа била секогаш во историјата наназад вклучена и во сите нејзини фази, како ајдутка Сирма Војвода, како комитки во ликовите на Константина Русински и Руша Делчева, како партизанка Вера Јосиќ, како и сите останати жени во создавањето на современата македонска држава, изјави вечерва историчарката, Ана Русинова.

– Деновиве сме сведоци на несреќни изјави и барања, а една од нив е Македонците да признаат геноцид врз друг народ во време кога не била признаена и ослободена нашата држава, но и по осамостојувањето на македонската држава. Безброј факти и документи зборуваат за тоа дека македоците биле рамноправни со другите народи во минатото, а со тоа дадени се и безброј на жртви кои трпеле терор, ликвидации и болки, но сепак после се македонскиот народ формирал востание и секогаш остапувал простор на останатите народи во нашата држава, малку ли е да се каже дека за време на Илинденското востание им е дадено простор на муслиманите за учество во Илинеденското востание и заедно да се борат за спасување од теророт, истакна Русинова.

Таа порача и дека малцинствата во Македонија ги имаат сите права како и останатите граѓани, на секој граѓанин му е гарантирано право на вероисповест, говор, печатот и сл. Уште од самиот почетот учителките имаа право да учат на албански јазик се со цел да предаваат на својот мајчин јазик, дел од албанците беа вклучени и во собранието на Република Македонија.

– Дојде и третиот илинден, се создаде и Македонската држава, се формираа партии, се направија универзитети и им се дадоа сите права на албанците, но еве сме вечерва да порачаме дека името и јазикот ни се нашиот идентитет, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top