Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, постави ултиматум до раководството на италијанскиот првак за останување во Торино. Тој сака нов четиригодишен договор, со зголемување на платата до 5 милиони евра по сезона, но и многу поголеми овластувања во делот за одлучувањето за новите засилувања и за продажбата на фудбалерите.
Досега тоа го нема добиено ниту еден тренер во италијанскиот шампионат, тоа е пракса само за тренерите во Премиер – лигата, а сериозно ги загрозува позициите на Џузепе Марота и на Павел Недвед, кои се задолжени за спроведување на клупската политика. Токму овој потег на Алегри е оценет како чекор кон заминување од клубот.
За италијанскиот стратег има одреден интерес од премиерлигашот Арсенал како можен наследник на Арсен Венгер, но се наоѓа и во долгата листа на кандидати за нов тренер на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.