| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер: Бадијала советите, Томиќ и Кирјос си тераат по свое!

tomic i kirjos

Легендарниот тенисер, Роџер Федерер, кој оваа сезона на најдобар можен начин со трофеј на Австралија Опен, изјави дека бадијала ги советувал контроверзните австралиски тенисери, Бернард Томиќ и Ник Кирјос и дека нема намера во иднина да го прави тоа.

– Не сакам повеќе да ги советувам, мислам дека доволен број на луѓе ги учеа како да се однесуваат. Сигурен сум дека сега сите се уморни од тоа. Мислам дека АТП турнејата има одлични млади тенисери. И јас сум правел проблеми кога бев на нивни години, но ги научив лекциите и се поправив. Доволно ги советував, но бадијала тие си тераат по нивно – изјави најдобриот тенисер на сите времиња.

Дефинитивно Ник Кирјос и Бернард Томиќ поседуваат раскошен талент, но доколку не ги почитуваат советите од поискусните тениски работници, сигурно нивната кариера уште кратко ќе трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top