Малезиските власти соопштија дека спречиле планиран напад врз саудискиот крал Салман, непосредно пред тој да допатува во посета на Малезија.
Во соопштението се вели дека се уапсени седум лица, од кои четворица се Јеменци, еден Малезиец, еден Индонезиец, додека националноста на последниот приведен не е соопштена,
Сите седумина биле уапсени меѓу 21 и 26 февруари, на денот кога кралот Селман допатува во Куала Лумпур со делегација од 600 лица, придружуван од 25 саудиски принцови.
– Ги откривме и ги уапсивме во последниот момент, изјави шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакр.
Тој откри дека при рацијата полицијата пронашла и разна странска валута во вредност од безмалку 61 илјади долари, како и дека уапсените биле вклучени и во дистрибуција на дрога.
Полицијата во Малезија не дава други детали за „спречениот напад“ врз Саудијците, освен што тврди дека станува збор за дело на јеменски „милитанти“.
Медиумите во Куала Лумпур се поделени околу тоа дали уапсените Јеменци се припадници на шиитските бунтовници Хути или се поврзани за џихадистичката група Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)
-
Реакција од УНИЦЕФ: Четириесетгодишен маж се ожени со 10 годишно девојче
-
Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ е завршена, ништо не е најдено, 239 луѓе се засекогаш исчезнати
-
Хаос и пукање во Ријад, кралот евакуиран (видео)