| четврток, 6 декември 2018 |

Зевс предизвика апокалипса во Франција (ВИДЕО)

Во силната бура „Зевс“ што ја зафати Франција две лица го изгубија животот, а повеќе од 600.000 домаќинства останаа без струја.

Возач на камион кој пренесува боци загинал кога тешка гранка се откршила и паднала врз неговото возило во јужните Алпи, а возач на автомобил настрадал на југозападот на земјата кофа рз него се урнало стебло високо 20 метри.

Бурата Зевс ја погоди Франција, а вечера се придвижи кон југоистокот на земјата. Француската метеоролошка служба на западниот брег измерила „невообичаена“ брзина на ветрот од 193 km/h.

Тројца тинејџери се тешко повредено додека оделе на училиште, а четири деца се полесно повредени кога се урнал покрив на училиште на југозападот на земјата, соошти францускиот премиер.

Во 17 часот по средноевропско време 600.000 домаќинства останаа без струја, како што не било од 1999 година кога Фрнација беше погодена од најсмртоносната бура, кога во мрак потонаа три милиони домаќинства.


Поради силниот дожд затворен е влезот на еден од автопатиштата кон Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top