Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, вечерва при своето гостување во Топ Тема на Телма лично му изрази негодување на водителот Алексндар Чомовски за неговиот скандалозен став од пред извесно време дека македонскиот јазик бил фашизоиден.
-Господине Чомовски, прво еден мој личен став кон Вас, бидејќи вие сте долги години во новинарството, да ви изразам еден протест, едно негодување за вашата изјава од пред извесно време дека инсистрањето на концептот македонскиот како единствен службен јазик е фашизоиден како таков. Господине Чомовски, Македонците и низ историјата и сега ниту биле геноциден народ, ниту имале било какви појави на фашизам, најмалку јазикот, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)