| четврток, 6 декември 2018 |

Тајсон Фјури најави враќање во боксот

tajson fjuri

Боксот останува побогат за уште едно врвно име откако Тајсон Фјури вечерва обелодени дека е подготвен да се врати во рингот. Британецот во 2015 година го победи Владимир Кличко, но неколку месеци подоцна сите титули му беа одземени бидејќи падна на допинг-тест, по што Фјури објави дека ја завршува кариерата.

Поранешниот првак потоа објаснуваше дека станувало збор за дрога која му помагала во борба против депресијата, а не стимуланси кои би го правеле поопасен во рингот. Следеше казна, но Фјури сега е подготвен за камбек во рингот, во борба што најверојатно ќе се одржи на 13 мај.

– Најнови вести. Кралот се враќа на 13 мај. Работиме на наоѓање на противник. Фала ми што ми ги чувавте појасите, доаѓам по нив – порача Фјури преку својот твитер профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top