МЗТ Скопје претрпе катастрофален пораз од Будуќност, но барем Андреј Настовски цел живот ќе го памети вчерашниот меч во Подгорица. Младиот кошаркар на македонскиот првак не само што заигра за првиот тим, туку и испиша историја станувајќи најмлад играч што настапил на натпревар во АБА-лигата.
Згора на тоа, Настовски успеа и да се запише меѓу стрелците, со луцидно положување во самата завршница поставувајќи го конечниот резултат.
Тешко е да се поверува дека младиот играч сезонава ќе добие поголема минутажа, но во секој случај радува што во школата на МЗТ Скопје се создаваат играчи кои сериозно атакуваат на место во сениорскиот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)