Деновиве турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на земјиштето кај Старата железничка станица почна да го оградува просторот.
– На посочениот потег е воспоставен привремен сообраќаен режим, поради дислокација на вреловод од страна на компанијата „Лимак“ – ни одговорија кусо од Град Скопје.
Во јануари годинава Градот распиша оглас за изработка на основен проект за изградба на подземната сообраќајница кај „Рамстор“, односно Јужен булевар која ќе се протега од раскрсницата кај поранешна „Нова Македонија“ до клучката кај Црниче, на кои места треба да бидат изградени два кружни тека. Од Градот засега не откриваат кого избрале да го проектира сообраќајното решение и да го изготви основниот проект. Оттаму велат дека детали околу конечниот исход од јавната набавка ќе биле објавени по склучување на договорот за изработка на проектот.
Подземниот булевар треба да го гради турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на градежното земјиште над сообраќајницата со површина од 300.000 квадратни метри каде што е предвидена изградба на четири блока со околу 2.000 станови во 20-катни објекти, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, паркинг… Вкупната инвестиција е вредна 250 милиони евра.
„Лимак“ треба на своја сметка да го изгради подземниот булевар, а за возврат ќе го добие земјиштето над сообраќајницата и на него ќе го гради комплексот. Освен тоа, паралелно ќе гради и комерцијален објект до Старата железничка станица, кој ќе биде со пресликана фасада и висина како и железничката и ќе претставува влез во новиот комплекс. Подземната улица треба да биде 6 до 6,5 метри под земја, со должина од 800 метри и ќе има 6 коловозни ленти, по три во двата правци. „Лимак“, по изградбата ќе има обврска сообраќајницата да ја предаде во владеење на Град Скопје.
Компанијата ги купи двата плаца од државата пред повеќе од четири години на лицитација, кога, практично, се наддаваше сама со себе. За плацот кај Стара железничка станица, со површина од речиси 10.000 квадрати Турците платија околу половина милиони евра, а за другата парцела, од над 30.000 квадратни метри околу 3,2 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Возете внимателно, нема струја во тунелите на патот Демир Капија – Смоквица
-
Министерство за транспорт тврди дека не викнало трубачи на автопатот Демир Капија-Смоквица
-
Се криел од жената: Ископал тунел до кафаната и секоја вечер одел да пие!
-
Филмски грабеж: Ископале тунел под банката и украле 250 000 долари, банкарите вчера го нашле сефот празен