| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон го стигна Тоти, на врвот неприкосновен е Паоло Малдини

bufon i toti

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се израмни со Франческо Тоти по бројот на настапи во италијанската серија А. Буфон беше на голот на Јувентус на дуелот против Удинезе, додека Тоти остана на клупата за резерви во дербито против Наполи.

Двете легенди на калчото сега имаат по 612 настапи во Серија А. Во скоро време се очекува и Буфон и Тоти да го надминат легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети. Аргентинецот застана на 615 мечеви во дресот на Интер.

Убедлив лидер во оваа конкуренција е иконата на Милан, Паоло Малдини. Дефанзивецот кој две и пол децении беше незаменлив кај „росонерите“, има одиграно вкупно 647 натпревари во „црвено-црниот“ дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top