| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА го објави планот за нападот на СФРЈ: Чекале Тито да умре, па Брежњев да почне

Три години пред смртта на Тито, ЦИА го изработила документот кој бил на највисоко ниво на тајност, насловен “Потенцијалот на Варшавскиот пакт за инвазија на Југославија”.
Вашингтон, за овој извештај од највисок степен на тајност, проценил дека на Советите би им биле потребни околу 50 дивизии за напад на Тито, како и две недели забрзани подготовки. Главниот удар би дошол преку територијата на Хрватска.

“Советскиот Сојуз веќе долго време се интересира за СФРЈ и очекувано е дека Советите би се обиделе да ја искористат нестабилната состојба во случај на смрт на Тито или при попреченост да си ја врши својата функција…”, пишуваат аналитичари на ЦИА во март 1977-ма година. Документот SR 77-10027 е напишан за највисоките политички и воени претставници од Белата Куќа и Пентагон.

Се напоменува дека тој се темели на проценките од претходо употребената сила на Варшавскиот пакт, топографските области за предвидените воени операции и земјиште за комуникации на истите области. За разрешување на политичкиот и воениот контекст во кој бил составен овој американски таен документ потребно е да се споменат и неколку важни работи.

Јосип Броз Тито за време на изготвувањето на овој документ веќе бил на работ на смртта. Слаб и болен, со намалено влијание врз настаните во СФРЈ. Голем дел од своите овластувања ги префрлил на Станет Доланц. А тој во серија на јавни изјави, како автентичен толкувач на политиката на Тито, го нагласувал непријателството кон Советите. Особено како дел од принципите на ограничен суверенитет прогласен за земјите-членки на Варшавскиот пакт, кој бил воведен од страна на Леонид Илич Брежњев, тогашниот шеф на Советскиот Сојуз во Москва.

Девет години порано, во 1968-мата, поради либералното востание, Советите со тенкови ја зафатиле Чехословачка. Прашката пролет била запрена со воена интервенција во првата имплементација на теоријата на ограничен суверенитет. Југословенското раководство ваквото сценарио никогаш не го исклучило.

“Не веруваме дека Советите би посегнале по воена интервенција како што беше случајот во Чехословачка”, пишувале аналитичари од ЦИА. “Постои аналогија, но постојат и значајни разлики кои укажуваат на тоа дека Советите нема да го нападнат Тито и Југославија”. Според нив, двете најважни стратешки причини против интервенција биле:

“СССР не се граничи со Југославија, ниту пак има превласт над неа. Второ, Југославија не лежи на стратешката насока на која Западот би можел да го загрози СССР. Покрај тоа, воена интервенција со голем интензитет би ја изложила Москва на големи ризици. Јуославија, речиси сигурно, би пружила вооружен отпор, а продолжените воени делувања би отвориле можност за странска интервенција на страната на СФРЈ. Сепак, предупредуваат американците, тоа не значи дека Брежњев и СССР се откажале од билокаква воена интервенција. Таквата одлука би била без преседан и би барала најмалку 50 дивизии со мобилизација на повеќе од 500.000 луѓе”, пишува во споменатиот документ.

“Ако СССР одлучат да нападнат, најверојатно брзо би ги освоиле рамнините во северниот дел на Југославија, но не би успеале да ја окупираат целата територија за краток временски рок. Ситуацијата набрзо би прераснала во герилска војна, слична на онаа која се случи за време на Втората светска војна, со сите воени, економски и политички ризици за Москва и со можност за интервенција од Запад. Нападот на Тито и Југославија би започнал со 6-8 оперативни армии од Варшавскиот пакт”, тврди американската тајна служба.

Тоа е состав од 20 до 30 дивизии со пратечки единици и помеѓу 4.000 и 7.000 тенкови. Бројот на војници кои во првиот бран би тргнале кон Југославија се претпоставувал дека би бил над 400.000. Главно од воените окрузи на Киев, Одеса и Карпатите. Воздушните единици би стигнале од воениот дистринкт на Одеса и дел од други падобрански дивизии би бил распореден во длабочината на териториите на СССР. Москва нема свои дивизии во Романија и Бугарија па големиот број на освојувачките сили би требало да се придвижат барем 1.000 километри за да стигнат до границите на Југославија.

“Тоа би значело следново: Јужната група на советската армија од Унгарија би можела да заземе стартна позиција во период од три дена. На Романските и Бугарските дивизии би им требале од еден до три дена подолго. Се на се, во рамките од 10 до 20 дена. Вистинскиот проблем се јавува кај деловите за транспорт на напаѓачките трупи од воениот дистринкт на Одеса. Тие би морале да ги користат патните комуникации помеѓу Бугарија и источна Романија, кои не се секогаш достапни како резултат на државниот договор помеѓу Москва и владата на Букурешт”.

“Поради ова Советите би морале да ги пренесуваат своите единици по морски пат. Така би им биле потребни две недели за да поплнат четири дивизии со луѓе, транспорт до соодветни пристаништа, навигација преку Црното море и конечно пристигнување во Бугарија”.

Најважниот и најсигурниот показател дека Советите подготвуваат напад на поранешна Југославија, и тоа со колкав број на војници, по мислењето на Вашингтон, би биле ваквите активности. Но не постои гаранција дека тоа би значело дека СОветите одлучиле да започнат инвазија или само ја покажуваат својата сила за да би ја притиснале владата на Југославија да постигне политичко решение. Оваа ситуација би можела да трае со месеци и да ја доведе СФРЈ во тешка позиција. Успешниот отпор на советската инвазија вклучува мобилизација на југословенската територијална одбрана.

Од економски и психолошки аспект, целосна мобилизација на воените единици и територијалната одбрана, што вклучува една шестина од вкупното население на Југославија, би било навистина тешко да се одржува долг период. Вооружување на цивили би можело да го зголеми ризикот од граѓанска војна на различни етички групи.

ЦИА тврди дека, и покрај се, Варшавскиот пакт имал можности да изненади во поглед на времето, местото и начинот на напад врз Југославија. Советската војска, според овие анализи за инвазија врз Југославија, би се обидела да ги постигне следните цели во првите часа од нападот. Брз упад преку граница, отсекување на воените единици на ЈНА кои би се спротиставиле на нападот, окупирање на западната граница на СФРЈ за да се осигураат од можен напад на НАТО, заземање на клучни адиминистративни, политички, економски и најважните комуникациски центри како и раскрсници.

Преку територијата на тогашна Социјалистичка Република Хрватска, а во насока кон Унгарија, би се развиле главните насоки за напад од еиниците на Варшавскиот пакт. Тој е најстраиот погоден терен за масовен напад со оклопно-механизирани единици и пешадија. Патната мрежа е обро развиена и може да се употребува преку целата година.

Аналитичарите од ЦИА ја разгледале и можноста за ненадеен напад на советската војска и сателитските сили на Варшавскиот пакт врз Југославија преку територијата на неутралната Австрија.

“Таквата насока би обезбедила ограничена стратешка предност со голем политички ризик од поширок конфликт поради упадот во Австрија”, се вели во документот. Во првиот бран на советската војска и нивните сателити тие би се концентрирале на завземање на поголемите градови: Загреб и Белград. Другиот дел од нападот би тргнал од Бугарија, со отворени коридори, кон Ниш и Скопје. ЦИА вели дека не би требало да се очекува исто волку моќен напад на југ (бидејќи полесно е да се брани брегот) и централните планински делови од земјата. Советската морнарица би се концентрирала да ги заштити стратешките позиции на портите кај Отранто од влез на НАТО бродови и евентуални воени интервенции од италијанскот брег.

Интересно е тоа што ЦИА го предвидела делувањето на про-советската петта колона во СФРЈ. Таа би се вклучила во саботажа и субверзивни активности во позадина, каде што единиците на Варшавскиот пакт би се обиделе да изведат голем падобрански напад на јадрото на југословенските цивилни и воени аеродроми (особено во Загреб и Белград), кои ќе им послужат како центар за логистичка поддршка и испорака на материјали. Во исто време советските воздушни сили би вршеле масовни електронски дејствувања за да ги парализираат југословеските радари, противавионските системи и синџирот на команди. Би се создале услови за воспоставување на воздушна супериорност и поедноставна заштита на авионите со падобранци кои сигурно би слетале во длабочините на југословенската територија. Американците тврдат дека СОветите, доколку се надеваат на успех од инвазијата, би морала да обезбедат брзо поврзување на падобранските единици со механизирани и оклопни дивизии кои би напредувале од правец на Бугарската и Унгарската граница.

Американските разузнавачки аналитичари не се сигурни дека, по релативно успешниот прв напад, силите на Варшавскиот пакт би успеале така едноставно да ја консолидираат своата позиција. “Повеќе од 80% од територијата на СФРЈ не е погодна за делување на масивни оклопно-механизирани единици или падобранско слетување, односно конвенционална војна”.

Акцентот е ставен на брдата како прекини и непристапниот терен кој ја ограничува мобилноста на возила на мал број слобо одржувани патишта. Патните комуникации имаат лоша подлога, остри кривини, опасни свиоци и ниски мостови па би барале постојано одржување за да останат отворени за сообраќај на воени возила. Ваквиот терен во исто време го отежнува пристапот на хелихоптери за превоз на војска и материјали. На кратко, совршена ситуација за герилска војна. “Колку што ни е на нас познато, воените стратези и планери во Москва не ги разработиле целосно спроведувањата на воените операции на таквиот терен и урбаните области. Речиси сме сигурни дека советсата инвазија би довела до сериозен цивилен отпор. многу помоќен отколку во времето на интервенции во Унгарија во 1958-ма и Чехословачка во 1968-ма, што е сериозна пречка и проблем законсолидирање на состојбата во Југославија”, заклучува ЦИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top