Дарко Миличиќ беше втор избор на драфтот во 2003 година, а да не беше Леброн Џејмс ќе беше прв. Тогаш српскиот кошаркар беше избран пред Кармело Ентони, Крис Бош и Двејн Вејд, но се што правеше беше погрешно.
Денеска има 31 година, а освен како едно од најголемите промашувања во историјата на кошарката, бидејќи имаше огромен потенцијал, а го паметат и по кусатац авантура во кик боксот и величењето на Воислав Шешељ и четничкото движење.
Миличиќ во интервјуто за Б92, откри дека воопшто не му се играло кошарка и дека на теренот во НБА лига доаѓал пијан и се карал со сите.
-Да многу, многу поинаку би направил. Стигнав во Детроит и не добив шанса. Морав да се докажувам, а јас имав погрешен пристап. Мислев дека со 18 – години сум Бог. Се карав со сите, пијан доаѓав на тренинг…Терав инат со сите, на крај си наштетив самиот на себе, изјави 213 сантимети високиот кошаркар.
Кариерата ја прекина пред пет години.
-Кога играв, играв само за себе. Ми беше важно да го нахранам само моето его. Си мислев вечерва ќе ги растурам Гасол или Данкан. Јас ја мразев кошарката, имаше момемти кога давав по 20 коша, но имаше и натпревари кога едвај чекав судијата да свири крај, додаде Србинот, кој играше и во Орландо, Мемфис, Њујорк, Минесота и Бостон.
-Мислев дека ќе ми биде добро во Орландо. Двајт Хауард е одличен во рекето, а јас одличен како бек, но тренерот не не виде заедно. Потоа во Мемфис две години, две години депресија. Со нетрпение чекав да ми заврши договорот, откри Миличиќ и додаде:
Правев глупости во Њујорк, а на челниците на Минесота им реков да не ме земаат, бидејќи ќе им ја нарушам атмосферата. Откако ме донесоа ми кажаа дека можам да си заминам за две недели. Првата година ми беше супер, но губевме, а јас не сакам да губам ниту на карти. Дојде нов тренер, повторно расправии и си заминав во Бостон.
Србија во 2007 година на ЕП во Гранда загуби од Грција по продолжение, а Миличиќ по поразот жестко го навреди судиите.
-Не се гордеам со таа снимка. Не требаше да го споменувам семејството и погрешив. Имам деца и мене некој да ми каже такво нешто ќе му го пресечам гркланот. Тоа беше клучен натпревар и голема кражба, вели Србинот, кој за себе вели дека е сељак во душа и четник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)