Полицијата пронајде и приведе две лица кои се осомничени дека се сторители на убиство врз В.М (65) од Прилеп кој беше пронајден без знаци на живот во стан лоциран на ул. „Гоце Делчев“, издаден под наем од М.М. (53).
МВР соопшти дека со оглед на тоа дека на телото на В.М. се пронајдени траги на насилна смрт, обезбедени се оперативни сознанија за можни извршители на кривичното дело и притоа осомничени се две лица како можни сторители на кривично правниот настан и за истите е распишан распис во координација со други СВР-а истите се пронајдени и приведени во ПС-Кавадарци.
Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33) и двајцата од Прилеп коишто целосно го признаа извршувањето на кривичното дело – убиство, кое што е извршено на 27-ми минатиот месец. Според документираните сознанија, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом,така што критичниот ден заедно влегле во домот откога предходно купиле алкохол и потоа заедно конзумирале.
Првоосомничениот, откога побарал одредена сума пари од жртвата, а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде заприметен ја прободел жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот, при што жртвата се завртила кон него и притоа уште еднаш бил прободен во пределот на градите и паднал на подот. Второосомничениот цело време била присутна за време на извршувањето на кривичното дело.
Откога го извршиле кривичното дело од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.
Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број биолошки, хемиски и дактилоскопски траги и со наредба на ЈО се испратени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ.
Од страна на ПС Прилеп против двајцата осомничени до ЈО поднесе кривична пријава по чл.123 од КЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка