| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ за да ја реализира сеалбанската платформа од Тирана

Демократската Унија за интеграција на вчерашното Централно Претседателство на партијата одлучи дека ќе влезе во владата на СДСМ, соопшти портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Според најавите на Османи, ДУИ ја потврдува заложбата за целосно исполнување на сите точки од платформата на албанските партии која беше направена во Тирана, под покровителство на албанскиот премиер, Еди Рама.

albanski-pari-dui-potpis

-Централното претседателство на ДУИ како коизготвувач на заедничката декларација на парламентарните партии на Албанците во Република Македонија, следејќи ја внимателно новосоздадената ситуација по изјавите на Иванов, уште еднаш ја потврдува својата заложба за целосно исполнување на сите точки од декларацијата, истакна портпаролот на ДУИ.

Тој вели дека одлуката на Централното Претседателство на ДУИ донело одлука да се испочитува волјата на граѓаните Албанци и да се реализира платформата која што беше ветена пред граѓаните.

Османи посочи дека со влегување во Владата на СДСМ, албанските партии полесно ќе ја спроведат платформата.

– Имавме дебата во ДУИ во однос на одлуката дали да се учествува во Владата или да се поддржи малцинска Влада, и се донесе одлука да се испочитува волјата на граѓаните Албанци и да се реализира платформата која што беше ветена пред граѓаните.

Инаку, Османи тврди дека албанската платформа е направена во Скопје од албанските парламентарни партии, и оти не е наметната од надвор.

Ова е спротивно на тврдењата на Движењето БЕСА, бидејќи тие испратија писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама во кое се посочува дека договорот за обединување на албанските партии во Македонија не е напишан од страна на ДУИ на Али Ахмети.

-Движењето Беса го отфрли ова тврдење и наведува дека се беше почнато од страна на Владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција нема да прифати веќе да седне и да разговора со ДУИ, но додава дека може да направаат исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од страна на премиерот Рама, пишуваат албанските медиуми.

Само за потсетување, албанските партии во Тирана потпишаа платформа во која се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето, државниот грб, употреба на албанскиот јазик на парите, како и воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик.

Еве што точно содржи платформата:

  1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.

  1. Постигнување економска рамноправност и оп­штествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

– Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.

– Остварување правична зас­тапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или прет­пријатија со јавни акции.

  1. Засилување на владее­њето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес

– Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

  1. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

– Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.

– Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.

  1. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

  1. Добри односи со соседите

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

– Отворање на нови гранични премини.

  1. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија

– Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија

Имено со албанската платформа се врши директен атак на унитарноста на државата и се поткопува уставниот поредок.

Тенденциите на СДСМ да ја прифати истата во целост и да ја изреализира се поттик на мсовни собири на секаде низ Македонија кои секојдневно вадат по 100.000 луѓе на улица кои јасно порачуваат дека на Македонија не и требаат туѓи платформи, туку почитување на Уставот и зачувување на унитарноста на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top