| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ стои на зборот, ако СДСМ се откаже од платформата, ние ќе ги поддржиме во Влада

ВМРО-ДПМНЕ она што јавно ќе го каже, стои на истото. Тоа што сме го соопштиле во јавноста како ветување, се уште важи. СДСМ впрочем има можност тоа и на дело да го испроба. Доколку СДСМ со помош на албанските партии дојде до позиција да формира влада, а е уценета да ја прифати платформата или дел од неа, со цел таа платформа да не биде прифатена, ние сме подготвени да ја поддржиме како малцинска влада со нашите 51 пратеници. Ова го истакна Министерот за здравство, Никола Тодоров во своето денешно гостување во дневникот на Сител, давајќи до знаење дека можноста СДСМ да се откаже од албанската платформа подготвена во Тирана, стои отворена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top