Во Струмица по третпат се одржа протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.
Пред присутните граѓани се обратија неколку говорници кои апелираа да се зачува унитарноста, јазикот, името и идентитетот.
Eмотивен говор во кој додека им се обраќаше на граѓаните и дојдоа солзи на очи, одржа уметничката со црногорско потекло која живее во Струмица – Ана Филев. Таа истакна дека жали за сите оние кои од внатре или од надвор ја растурат мирната Македонија, исто како што континуирано ги влошуват односите помеѓу сите братски народи од регионот. Но, нашиот народ знае да се сплоти и да се обедини против секој непријател на заедничкото минато и иднина.
– Еднаш ме прашаа што сакам од својот живот во иднината. Немав конкретен одговор, немав детали, само сакав да бидам среќна со човек кој ме сака, кој ја разбира уметноста, да живеам некаде, а тоа да не биде Црна Гора. Во земја која има многу сончеви денови. Не знаев дека таа земја ќе има сонце дури и на нејзиното знаме. Не знаев дека таа земја ќе биде Македонија, земјата на Александар. Сега некој сака тоа сонце да ми го украде мене, на Македонците, на моите деца. Сега некој сака зборот Македонија повеќе да не постои, рече Ана Филев, академска сликарка од Црна Гора.
Струмичани коментираа дека слушајќи ја Филева, може да се каже дека иако припаѓа на друг етникум, ја брани Македонија повеќе од некои Македонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)