| четврток, 6 декември 2018 |

Стефановски: Сите треба да стоиме исправено под едно знаме и да пееме иста химна

tomi-stefanovski-768x513

Поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонја“ преку социјалната мрежа Фејсбук даде и маратонецот Томи Стефановски.

– Сите треба да стоиме исправено под едно знаме и да пееме иста химна, да ја сакаме татковината независно од нашата националност, вера… Пред се треба да сме Македонци и да се залагаме за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, пишува најуспешниот македонски маратонски пливач Томи Стефановски на Фејсбук, споделувајќи и видео од интонирање на македонската химна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top