| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени најчестите причини за развод

Џон Готман е професорот по психологија на Универзитетот во Вашингтон, кој со години се занимава со проблемот на разводите. Анализите покажуваат дека неверството не е главната причина за развод

Готман укажал на два фактори, кои го овозможуваат пропаѓањето на бракот: недостатокот од интерес за партнерот и ескалацијата при караниците.

Се разведуваат оние луѓе кои едноставно веќе не разговараат меѓу себе и кои не ги интересира што сака партнерот да каже. Проблемот е и во тоа што паровите не можат да бидат тивки за време на кавгите. Истражувањето на овој американски научник укажува на тоа дека браковите во кои постојат овие појави, немаат шанси за опстанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top