| четврток, 6 декември 2018 |

Српските пратеници ѝ приредија пекол на Могерини во Собранието (Видео)

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Собранието во Белград беше исвиркана од пратениците на Српската радикална партија, кои извикуваа „УА“ и „Србија, Русија, не ни треба Унија“.

MpBktkqTURBXy82ZDJjMGZhZWJjNzQ0OThlNmVjZTQxNzcwZGJmYTk5ZS5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

 

 

 

 

 

 

Могерини говори на посебна свечена седница во Собранието, на која пристуствуваа премиерот Александар Вучиќ и повеќе министри од српската влада. Таа кон пратениците се обрати на српски јазик, а додека зборуваше радикалите викаа по неа.

Покрај однесувањето на лидерот на СРС, Воислав Шешељ, Могерини продолжи со говорот.

Могерини денеска ќе се сретне со Вучиќ, а српските власти очекуваат дека таа ќе ѝ даде поддршка на Србија за влез во ЕУ.

Високата претставничка на ЕУ вчера беше во посета на Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top