Викендов ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната од 14 до 20 степени.
Според прогнозата на УХМР, од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено в среда.
Од понеделник до четврток утринската температура ќе се движи од еден до осум степени, а дневната од седум до 18 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.