Англиските медиуми шпекулираат околу иднината на Златан Ибрахимовиќ, кој изгледа добро се адаптира на цврстиот фудбал во Англија и екипата од „Олд Трафорд“.
На крајот од тековната сезона Швеѓанецот ќе мора да одлучи што ќе прави понатаму, бидејќи има само една година од договорот со Манчестер Јунајтед. Информациите од клубот велат дека тој побарал нов договор во трајност од две години, со оглед на одличните игри и голгетерската форма во црвениот дрес.
Агентот на шведскиот напаѓач контраверзниот Италијанец Мино Рајола работи напорно за да ги оствари желбите на својот клиент, кој минатата недела стигна до првиот трофеј со англиската екипа, победувајќи во финалето на ФА Купот против Саутемптон.
На свои 35 години, Ибрахимовиќ веќе има 15 гола зад своето име за „црвените ѓаволи“, потврдувајќи го фактот дека е победник и дека освојува трофеи секаде, каде што настапува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.