| четврток, 6 декември 2018 |

Закани за непослушните: Професори ги затвораат профилите на „Фејсбук“ поради критичкиот став кон Заев

katerina-kolozova-640x427

Денес разбрав дека колешката Катерина Колозова била принудена да го затвори профилот на „Фејсбук“ под притисок на хајката против нејзиниот начин на размислување за излез од кризата, објави професорката Билјана Ванковска на „Фејсбук“.

vankovska kolzova

Таа ѝ дава целосна поддршка на Катерина Колозова, исто така, професорка, која периодов се охрабри да праша што потпишувал Заев и за што ги добил потписите од ДУИ.

katerina kolozova

Ова прашање го поставуваат и многу членови и симпатизери на СДСМ, медиумски подджувачи, луѓе што беа дел од протестите на кои се бараше промена на власта. Откако Заев и неговата свита ги контаминираа проитестите и ги искористија за лични цели за полесно и побрзо реализирање на предвидената агенда за федерализација на Македонија, некои се повлекоа, многумина од нив се откажуваат од партијата, но и понатаму добиваат континуирани закани, односно „жолти картони“ од „Павел Шатев“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top