Соиграчите Шиме Врсаљко и капитенот Габи први му укажаа помош на повредениот напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, по страшниот пад на глава на мечот против Депортиво Ла Коруња и практично го спасија неговиот живот. Двајцата фудбалери реагираа енергично и храбро, веднаш го извадија јазикот кој Торес од страшниот пад го имаше проголтано. Доколку немаше ваква брза реакција, тој би можел да се задуши и да го загуби животот.
– Тоа што го направија Габи и Врсаљко беше перфектно. Габи ја отвори устата на Фернандо, а Врсаљко го врати неговиот проголтан јазик. Тоа практично го спаси неговиот живот и тие се вистински херои – изјави шпанскиот доктор, Карлос Ларињо.
По ова Фернандо Торес веднаш беше префрлен во болница, каде веќе ја врати свеста и се чувствува релативно добро, без сериозни повреди на черепот и на мозокот. Тој поради мерки на внимателност и медицинска процедура ноќта ќе ја мине во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.