| четврток, 6 декември 2018 |

Сдсмовскиот мегафон Катерина Блажевска граѓаните што протестираат ги нарече пијаници

кате

Сдсмовскиот мегафон Катерина Блажевска вечерва брутално ги навреди граѓаните што веќе четири дена протестираат за зачувување на унитарноста на државата нарекувајќи ги пијаници во дебатната емисија „Отворено“ на „24 телевизија“.

– Денеска секој со една чашка ракија во себе, собран пред некој штаб каде што се пеат патриотски песни, има впечаток деја ја брани Македонија, од не знам кого – рече Блажевска во емисијата каде што беше присутен и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој, пак, граѓаните што протестираат ги нарече бандити.

Навредите на Блажевска кон македонските граѓани не се нешто ново бидејќи истата новинарка пред само неколку недели во дебатна емисија на телевизија „Телма“ изрази став дека интересите на македонските граѓани се демагогија.

Изминатиов период,  откако токму поради политиката на Заев се отвори простор за да се создаде платформата на албанските партии, Блажевска во јавноста ги напаѓаше најбенигните сегменти на платформата под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама и притоа не кажува ни збор за суштинските елементи на оваа платформа што го загрозуваат унитарниот карактер на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top