| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните кои на следните избори би ги поддржале СДСМ, ја поддржуваат и платформата

Брзи избори се решение на политичката криза. Својот став го образложи велејќи дека резултатот на следните избори ќе биде појасен, со оглед на тоа што граѓаните повеќе нема да одлучуваат со половични информации, оцени вицепремиерот Никола Тодоров во интервју за ТВ НОВА.

-На овој начин ќе се добие резултат што ќе ја искристализира состојбата. Зошто? Затоа што и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да победи, граѓаните ќе одлучат знаејќи ги сите информации. Граѓаните одлучуваа со половични информации. Ниту еден кој гласал за СДСМ не знаел дека СДСМ ќе прифатат платформа направена во друга држава и во себе содржи елементи за редефинирање на Македонија. Ако го знаеле тоа можеби ќе одлучеле поинаку, можеби и не. Ако не одлучат поинаку тогаш ќе имаме чиста ситуација, бидејќи граѓаните кои ги поддржале СДСМ ја поддржале и платформата. Во секој случај, каков и да биде исходот, политичката криза ќе се разреши“, смета Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top