| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Врз Албанците во Република Македонија никогаш немало геноцид (видео)

Врз Албанците во Република Македонија никогаш немало геноцид, вели за ТВ Нова професорката Виолета Ачковска. Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска деновиве изјави дека поддржува резолуција која би покажала дека во периодот пред Втората светска војна, во Македонија се случил геноцид врз Албанците.

-Врз Албанците во Република Македонија никогаш немало геноцид. Тие целат дека тоа се случувало од 1912 до 1956 година. Се работи за период кога се менуваат неколку држави, се случуваат три големи војни. За време на Балканските војни најголема жртва е македонскиот народ, додека Албанците добиваат своја држава. Меѓу двете светски војни, македонскиот народ е разделен на 4 држави, а во Егејска Македонија се врши етничко чистење. Во периодот на Втората светска војна, западна Македонија етнички се чисти од фашистички формации. По Втората светска војна во Македонија е воспоставена национална рамноправност на сите малцинства. Не станува збор за етничко чистење- вели Ачковска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top