Најмалку 20 лица беа повредени вчера при две експлозии во Техничко-ремонтниот завод во српскиот град Крагуевац.
Како што јави РТС, експлозиите се случиле во погонот за ремонт на оружје во фабриката.
По првата експлозија избувнал пожар, при чиешто гаснење се урнал покривот на опожарениот објект и затрупал неколку лица. За време на пожарот се случила и втората експлозија.
Службата за брза помош во Крагуевац соопшти дека досега се примени 14 повредени лица, а тие што имале изгореници веднаш се префрлени на лекување во Ургентниот центар во Крагуевац.
Началникот на секторот за вонредни ситуации на Крагуевац, Драгош Радовановиќ изјави дека немало причина за евакуација на жителите во населбите што се наоѓаат во близина на фабриката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)