Барселона славеше убедлив триумф над Спортинг Хихон, совладувајќи го на „Камп Ноу“ со 6-1. Со ова каталонскиот тим се искачи за момент на првото место на табелата во Примера со 57 бода, два повеќе од Реал Мадрид, кој има и два одиграни натпревари помалку. Со овој резултат навивачите на каталонскиот гигант ја подгреваат надежта дека токму нивниот тим ќе одигра на високо ниво во реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ.
Лионел Меси ја отвори серијата голови, Родригез си постигна автогол за 2-0, а Кастро успеа да го намали резултатот. Сепак, до крајот на првиот дел, Луис Суарез постигна трет погодок за Барселона.
Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Пако Алкасер, Нејмар и Иван Ракитиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)