| четврток, 6 декември 2018 |

Француската полиција го истражува мистериозното исчезнување на четиричлено семејство

Траги од крв биле најдени под скалилата на семејната куќа, како и на еден мобилен телефон, на слушалки и на чифт чевли. Прелиминарните лабораториски истраги потврдиле дека дамките од крв потекнуваат од членови на семејството

Четири лица од семејство обично, исчезнале пред единаесет дена во местото Орвол близу Нант, на западот од Франција, што е мистериозен случај кој потсетува на случајот не едно друго семејство убиено во 2011 година.

Францускиот суд објави во понеделникот дека двајца судии се задолжени за истрагата за исчезнувањето на семејството Троадек, таткото, мајката и нивните две деца – 21-годишен син и 18-годишна ќерка. Во налозите за истрагата се зборува за „убиство“, „грабнување“ и за „незаконско лишување од слобода“, додава судот.

Полицијата била алармирана минатиот четврток од сестрата на мајката на семејството, која пријавила дека не се слушнала со нив веќе со денови што било невообичаено.

Траги од крв биле најдени под скалилата на семејната куќа, како и на еден мобилен телефон, на слушалки и на чифт чевли. Прелиминарните лабораториски истраги потврдиле дека дамките од крв потекнуваат од членови на семејството.

Сепак, креветите биле без постела, во дворот имало пространа облека за сушење, а во машината за перење биле откриени сé уште мокри алишта. Во тоалетот, пак, не биле најдени четки за заби ниту четки за коса.

Случајот се најде на насловните страници на француските медиуми, а повеќето го споредуваат со еден друг случај на исчезнување на цело семејство, неколку километри подалеку од сегашниот случај, коешто се случи во 2011 година и за кој медиумите опширно известуваа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top