| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети на средба со Заев во седиштето на СДСМ (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев во седиштето партијата на „Павел Шатев“.

Средбата следува откако Заев му ги предаде потписите на претседателот Ѓорге Иванов, кој се очекува да му го додели мандатот за состав на новата Влада.

ДУИ попладнево по средбата со амбасадорот на Шведска во Македонија соопшти дека сѐ уште нема донесено одлука дали ќе остане во опозиција или ќе биде дел од новата влада, но како партија успеале да ги заокружат преговорите за Законот за употреба на албанскиот јазик, како и точките од Заедничката изјава на албанските политички партии – Албанската платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top