| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистот Мартин Несторовски со поддршка за иницијативата за „Заедничка Македонија“

martin-nestorovski

Спортистот кој редовно и носи медали на Македонија од големите натпреварувања во карате, целосно застана во одбрана на Македонскиот идентитет, но и порача дека спортистите се пример како треба да се однесуваат сите лојални граѓани на нашата држава.

martin

Несторовски е носител на бронзен медал од Европското првенство, носител на бронзен медал од првите Европски Олимписки игри, кои се одржаа во Баку, во 2008 год. беше прогласен за каратист на Македонија, а во 2011 год. беше најдобриот светски каратист, откако ја освои премиер карате лигата. Тој е и носител на Националното спортско признание, или популарната “спортска пензија” за сето она што го има сторено за државата.

Во продолжение ви го пренесуваме неговиот ФБ статус:

Успехот на младите Македонски фудбалери, на борачите, боксерите, каратистите, атлетичарите, скијачите, е успех на целата Македонија. Гордоста на спортските борилишта ни ја носат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми и сите останати. Државните бои ги браниме сите, без разлика на националната, весрската или друга припадност. Како спортисти сме должни да го браниме државниот грб и знаме на сите наши настапи. Ве повикувам сите да дадете поддршка на мирната иницијатива за „Заедничка Македонија“. Затоа што Македонија е се што имаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top