| четврток, 6 декември 2018 |

„Џудишал воч“ го обвинува Џес Бејли дека со државни пари финансирал насилни протести во Македонија

Америка е засрамена од постапките на администрацијата на Барак Обама во надворешната политика на земјата. Понижувачкиот однос на амбасадорите на САД кон земјите во кои ја извршуваат должноста, пред сѐ на амбасадорот во Македонија, Џес Бејли, кој со милиони долари на даночните
обврзници на САД ја дестабилизира земјата на чело со демократски избраната десноориентирана влада и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос, поттикна многу организации и конгресмени да побараат одговорност.

Македонија е особено интересна за левичарските групи, бидејќи лежи на клучна позиција на Балканската мигрантска рута, која Македонија ја затвори поставувајќи ограда на границата на почетокот на 2016 година.

Токму оградата го испровоцира Сорос поактивно да се ангажира за Македонија, бидејќи му застана на патот „за отворање на границите, за управување на светот преку глобални институции, за поткопување на американското влијание во светот и за поголема муслиманска имиграција.

Фондацјата Отворено општество создала десетици левичарски невладини организации со цел да ја урне конзервативната влада во Македонија. Пешадијата на Сорос ја сочинуваат младински организации и влијателни медиуми кои организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите на државата и владините политики. Благодарение на амбасадорот на Обама, кој се уште не е разрешен од страна на претседателот Трамп, американските пари продолжиле да течат кон овие групи, за нивни активности и регрутирање.

Една од овие организација ја преведе и ја дистрибуира и книгата „Правила за радикали“ на Сол Алински, која служи како тактички учебник за субверзивни дејности и радикални улични протести.

Неколку дена откако група од седум американски конгресмени испратија писмо до американската Канцеларија за oдговорност на Владата (ГАО) во кое бараат да се поведат ревизија и истрага за работата на Стејт департментот и Агенцијата за развој УСАИД, затоа што се однесувале партиски и ги финансирале активностите на Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос во Македонија, преиспитување на работењето и одговорност од Џес Бејли побара и една од најголемите американски организации кои се борат
за транспарентност во работата на американските власти Џудишал воч. Во соопштението на орзанизацијата стои дека покренала истрага за Стејт департментот и УСАИД.

„Американската влада крајно нетранспарентно потроши милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизираМакедонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседуваме Џес Бејли соработувал со Фондацијата Отворено општество и префрлил големи суми државни пари  на сметката на фондацијата за остварување на целта – уривање на демократската влада во земјата. Тоа претставува мешање на амбасадорот во внатрешни политички прашања и кршење на Виенската конвенција“, пишува Џудишал воч во својот коментар.

И Џудишал воч го обвинува амбасадорот Џес Бејли дека со државни пари финансирал левичарски невладини организации во Македонија, пред сѐ поврзани со Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос, кои учествувале во насилни протести.

Договорите на УСАИД со Фондацијата Отворено општество се тешки и по неколку милиони долари. Два договори, едниот од 9,5 милиони долари, а другиот од 5 милиони долари биле искористени за мешање во
внатрешните политички прашања на Македонија.

„Се сомневаме дека податоците за работата на Стејт департментот и УСАИД кои се јавно достапни се нецелосни и бараме двете институции во согласност со американскиот закон да ни овозможат пристап до податоци од јавен интерес“, стои во соопштението испратено од Џудишал воч, во кое меѓу другото стои дека организацијата се придружува на сличните повици за транспарентност упатени од членови на Конгресот, кои исто бараат од Стејт департментот и од Амбасадата во Скопје одговор за нивното финансирање на организации на Сорос во
Македонија.

Сепак, тие се песимисти дека ќе ги добијат одговорите, бидејќи Бејли по сѐ изгледа е на заминување иако тоа не го менува фактот дека милиони долари на американските даночни обврзници биле потрошени на
илегални активности ниту го амнестира Бејли од одговорност.

Организацијата „Џудишал воч“ ја надгледува работата на американските државни институции и има голем број успешни судски спорови во кои барала од институциите да достават документи со кои се потврдува злоупотреба на парите на даночните обврзници. Оваа организација ги има тужено администрациите на
претседателите Клинтон, Буш и Обама, заради недостапност на податоци од јавен карактер, со чиешто прогласување за класифицирани, администрациите се обидувале да сокријат злоупотреба на државните пари. Џудишал воч бараше и Стејт департментот да ги обезбеди електронските пораки кои Хилари Клинтон ги разменувала преку своите приватни адреси. Исто така, оваа организација играше клучна улога во разоткривањето докази дека даночната служба на САД ги злоупотребувала своите овластувања да гони политички противници поврзани со Републиканската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top