| четврток, 6 декември 2018 |

Пепе Реина: Судијата како да играше за Јувентус, бесен сум!

pepe reina

Наполи доживеа пораз од 3-1 на синоќешното гостување во Торино против Јувентус, во рамките на првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија. „Наполитанците“ имаа водство од 0-1 по првиот дел, но потоа „старата дама“ направи комплетен пресврт со двата гола од пенал на Пауло Дибала и погодокот на Гонзало Игуаин. Секако, најмногу прашина се крена околу пеналите на Јувентус, а драматична беше и изјавата на голманот на гостите, Пепе Реина.

– Судијата како да играше за Јувентус. Тоа беше така очигледно. Два пенали, кои апсолутно немаа врска. Посебно вториот, за мојот дуел со Квадрадо. Отидов на топката и ја избив, немаше старт за пенал. Што да правам, да исчезнам ли од мојот шеснаесетник?! Бесен сум, ова не е фер. Ќе се обидеме да возвратиме во реваншот, се разбира, ако имаме реално судење – изјави Пепе Реина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top