| четврток, 6 декември 2018 |

Кузмановска: Сè продадовте, само уште јазикот ви остана!

liljana kuzmanovska

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на текстот на Фросина Ременски, кој беше објавен во „Плусинфо“. Лилјана Кузмановска од ВМРО -ДПМНЕ на својот профил на „Фејсбук“ упати директна порака до неа:

– А да ѝ каже некој на Ременски и групата дека:

Државата не ја наследивте од вашите татковци, па да се пазарите со неа за да дојдете на власт!
Знаеме дека не ви прилега да бидете патриотска партија како што кажа и Заев, ама барем немојте да бидете антимакедонска партија. Се продадовте, само уште јазикот ви остана! Кога веќе го споменувате Ченто, покажете дека имате барем нешто заедничко со него. Покажете дека Македонија ви е пред партијата и партиските интереси. Барем еднаш во овие 26 години независност застанете во одбрана на македонските интереси. Ако вие не го направите тоа има народ кој е спремен да застане во одбрана на држава. Народ кој нема да ви дозволи да ви помине црното сценарио кое го спремате.

– Каде планирате утре да живеат вашите деца, зарем тие не заслужуваат да имаат своја држава и свој јазик?Македонија е вечна, а политичарите доаѓаат и си одат, прашање е дали ќе заминат како херои или предавници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top