Четири лица загинаа, а уште најмалку петмина се водат за исчезнати откако мал авион „цесна 310“ се урна врз две куќи во Риверсајд, во непосредна близина на Лос Анџелес.
– Авионот, под неразјаснети околности, се урнал набрзо по полетувањето – изјави портпаролот на федералната администрација за цивилна авијација, Јан Грегор, пренесоа француските медиуми.
Шефот на противпоражната служба, Мајкл Мур, пред новинарите кажа дека во авионот имало пет лица, семејство кое се враќало од посета на Дизниленд и дека леталото се распаднало на два дела кога паднало врз куќите, во кои во тој момент биле станарите.
Едно девојче, кое испаднало од авионот, со помали повреди ја преживеало несреќата, додека еден маж во критичниот момент бил во една од куќите.
– Спасувачите трагаат по уште пет лица – додаде Мур.
Според него, не е познато дали четворицата загинати биле во авионот или на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)