| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Европската академија на науките, уметностите и културата ја посети специјалната болница „Филип Втори“

Во посета на специјалната болница „Филип Втори“ беше Жан–Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, физичар од светски глас на „Ројал колеџ“ од Лондон, и првиот академик на ЕАНУК од Македонија, Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје.

-Оваа болница е една од најубавите конструкции во која има висока технологија што ретко може да се сретне во најпознатите медицински институти во светот – рече Жан-Патрик Конрад.

Жан-Патрик Конрад го покани д-р Жан Митрев да ја посети Европската академија каде што членуваат најзначајните медицински експерти, меѓу кои има и нобеловци за медицина за идни научноистражувачки проекти во медицината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top